За оние што се запрашале колку му треба на пребарувачот Google да детектира сајт што не е промовиран, американски ИТ новинар има одговор за нив.
Метју Ротенберг сакал да види колку една страница на интернет може да биде анонимна, т.е. колку долго му треба на Google да ја индексира.
За потребите на тестот на интернет ја поставил својата страна Unindexed, а планот му бил да ја изгасне истиот момент кога ќе се појави во резултатите на пребарувања.
Секој клик или линк на страницата значел дека Google е се поблиску. Технологијата на Google за индексирање го уловила Unindexed и го означила неговиот крај.
Експериментот завршил за 22 дена после 346 прегледи.