Како би ги користиле овие услуги без интернет ќе треба во „Google Maps“ да ја зачувате вашата траекторија додека сте „онлајн“, а слична е работата и со „YouTube“.
Пристапот до популарните сервиси „YouTube“ и „Google Maps“ наскоро ќе биде возможен и без интернет конекција. Овој огромен чекор ќе биде имплементиран до крајот на годината, најавија од „Google“.
Како би ги користиле овие услуги без интернет ќе треба во „Google Maps“ да ја зачувате вашата траекторија додека сте „онлајн“.
Ист е принципот и со „YouTube“, на кој ќе можете да ги вчитате видео снимките додека сте на мрежата, а потоа без проблем да ги гледате омилените нешта или да слушате музика преку тој сервис.
Промените се очекуваат до крајот на годината.