Апликацијата WhatsApp од сега е достапна и на десктоп компјутерите, а во моментов користењето на оваа апликација е возможно само преку Google Chrome прелистувачот.
Доколку сте и вие еден од 600 милиони корисници на апликацијата WhatsApp, сигурно ќе ве израдува оваа вест.
За да ја користете WhatsApp десктоп апликацијата морате да скенирате одреден QR код со помош на истата апликација на вашиот телефон. Ова е задолжително бидејќи WhatsApp го користи вашиот телефонски број и смс за верификација наместо корисничко име и лозинка.
Ова за сега работи само на android и windows телефоните и блекбери, додека корисниците на iOS уредите моментално се изоставени.
Занимливо е тоа дека без воспоставена врска со вашиот телефон, десктоп апликацијата WhatsApp не може да работи, што значи дека доколку ви се изгаси телефонот поради празна батерија, ја губете и WhatsApp конекцијата на вашиот компјутер.
QR кодот можете да го превземете ОВДЕ.