Со оглед на тоа дека бројот на уреди кои што ги користиме секојдневно е сѐ поголем, логично е дека би требало да се пронајде и елегантно решение за полнење на истите.
Корисниците на стандардните полначи за мобилни телефони можат полека да се поздрават со нив, бидејќи научниците од универзитетот во Вашингтон успешно го тестирале Wi-Fi полнењето.
Научниците поврзале сензори на различни уреди кои се во можност да примаат Wi-Fi сигнали и ги претвораат во енергија за полнење на батериите.
Тимот на научници од универзитетот во Вашингтон сакаше овој систем да го интегрира на веќе постоечките Wi-Fi инфраструктури, па доволно е рутерите да добијат софтверска надоградба како би работеле и како полначи и како нормални рутери.
За сега оваа технологија не е достапна за голем број на луѓе, но уште од сега доста ветува. Ова е исто така најдобро безжично полнење кое е прикажано до сега.