Американскиот воздушен гигант „Боинг“ потпиша договор со американската влада за изработка на вселенски авион XS-1 кој ќе служи за брзо испраќање на сателити во орбитата на Земјата.
Американските воени стратези очекуваат дека во иднина војните помеѓу големите светски сили ќе се одвива во вселената.
Ласерски сателити, противавионски ракети со голем домет и друго смртоносно оружје за уништување, сето тоа ќе биде инсталирано на новиот модел на вселенски авион.
XS-1 ќе биде така дизајниран да може да прати сателит во вселената со тежина од 2 тони, секој ден, а еден лет ќе чини 5 милиони долари.
Руската воздушна и воздухопловна одбрана може лесно и ефективно да уништи објекти во вселената кои се блиску до Земјата.
Ако пресретнувачот MiG-31 или ракетниот противавионски систем S-400/500 може да погоди сателит во орбитата, тогаш новиот вселенски авион исто така би бил лесна мета за нив.