Потребни состојки:
1 кг шеќер
1 маргарин
200гр несолени, мелени кикирики
500гр мелени бисквити
Начин на подготовка:
Се зоврива 1 кг шеќер со 200 гр вода. Се трга од оган и се додава 1 маргарин, а на оваа смеса се додаваат 200 грама несолени, мелени кикирики и 500 гр мелени бисквити.
Смесата рамномерно се става во плех, па одозгора се става 100 гр несолени толчени кикирики. Најодозгора се премачкува со 100-200 гр растопено чоколадо.