Сите оние кои уживаат во благото сигурно не можат да си го замислат животот без кремот. Го користиме за засладување на многу десерти но и го конзумираме без додатни состојки.
Ако сте еден од тие што обожавате екрем пред вас е рецептот кој ќе ви понуди едно благо незаборавно задоволство.
Состојки:
– 300 гр цели непечени лешници
– 2 лажици какао
– 2 лажици шеќер во прав
Во блендер ставете ги лешниците и мелете ги (4-5 минути) додека не станат кремасти. Потоа додадете го какаото и шеќерот во прав. По желба можете да ставите неколку капки пресно млеко, но не е задолжително за рецептот. Тоа е се!
Имате домашен крем. Уживајте во вкусот…