Ризикот за депресија како резултат на редовното консумирање на нездрава храна, се искачил за неверојатни 60 %. Во студијата се вели дека антиоксидансите, што недостасуваат во нездравиот оброк, помагаат воборбата против депресијата. Како резултат на тоа доаѓа до нарушување на протокот на хранливи материи до мозокот.
Црно чоколадо
Црното чоколадо го намалува ризикот од срцево заболување за 26 %
Црното чоколадо го штити срцето од заболување. Истражувачите од Италија, препорачуваат консумирање половина штангла црно чоколадо, на секои три дена. Во истражувањето се вели дека ваквата количина го намалува ризикот од срцево заболување за 26 %. Ако го надминете лимитот, очекувајте да се здебелите.
Бадеми
Во последното истражување за придобивките од бадемите се вели дека тие го намалуваат нивото на холестерол во крвта за 30 %
Во последното истражување за придобивките од бадемите се вели дека тие го намалуваат нивото на холестерол во крвта за 30 %. Претходните сознанија говорат дека исто толку е намален ризикот од срцев удар. 31 % се однесува на намалените шанси од зголемување на телесната тежина, додека 8 % одат за зголемување на добрите бактерии во цревата.
Бразилски ореви
Бразилските ореви содржат 2500 пати повеќе селен за разлика од било кое друго јаткасто овошје
Бразилските ореви се вистинска селенска бомба. Селен има и во житарките, морските плодови, житните снегулки и месото, но количината е неспоредлива во однос на бразилските ореви – содржат 2500 пати повеќе селен за разлика од било кое друго јаткасто овошје. Доволно е да се внесат 6 ореви за да се задоволи дневната потреба од селен. Затоа ако сте тажни и потиштени, бразилските ореви се вистинско природно решение.