Стоби Флипс најсилен домашен бренд

Спонзорирани линкови

Според анализата спроведена од Валикон, компанија што ја мери јачината на брендовите за широка потрошувачка, Стоби флипс на Витаминка е најсилен македонски бренд за 2014 година.

Вредноста на Стоби флипс е измерена во неколку категории, како: препознатливоста на брендот, лојалноста на купувачите, перцепираниот квалитет и асоцијациите врзани за брендот.

Интересен податок за ова истражување е тоа што во ранг листата на 5-те најјаки брендови, покрај Стоби флипс, присутен е само уште еден македонски бренд. Соодветно на тоа, македонските потрошувачи својата доверба ја даваат само на вистински докажаните и потврдени со квалитет брендови.

Стоби флипс за првпат е произведен во мај, 1978 година, како првата вкусна крцкава ужинка, наменета за сите генерации. Витаминка има произведено неколку милијарди кесички Стоби флипс и секоја од нив го има истиот неодолив вкус на кикирики. Од компанијата постојано го унапредуваат производот, но никогаш во насока да се промени вкусот, туку во насока на подобрување на квалитетот. Покрај основниот Стоби флипс вкус, компанијата во 2004 година ја продолжува извонредната програма со создавање на уште неколку вкусови под истиот бренд. Најпрво излегуваат Стоби флипс – пица и сирење, а потоа следува и проширување на линијата на снекс производи со ново подбренд име – Стоби рингс и Стоби стикс. Во 2012 година, Витаминка ги воведе Стоби рингс со вкус на скара и павлака – кромид и Стоби стикс со вкус на хот-дог и кечап. Надополнување на приказната на Стоби флипс е и приказната за Чоко Стоби флипс.

Препознатливоста на брендот доаѓа и од дизајнот на амбалажата, кој е речиси непроменет, па така амбалажата на Стоби флипс насекаде е препознатлива и веќе длабоко врежана во потсвеста на потрошувачите.

Компанијата Валикон е специјализирана во спроведување на истражувања и мерења на пазарот за широка потрошувачка (FMCG – Fast-moving Consumer Goods) на Ex-Yu пазарите. Секоја година ги публикува своите ранг-листи за потрошувачките трендови и за развојот на брендовите што се присутни во регионот.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford