Како да го спречите досадниот мамурлак?

Спонзорирани линкови

Сите сакаме да прославиме и да се напиеме голтка повеќе за новогодишната ноќ. Тоа и не би било голем проблем да не беа последиците. “Утрото потоа” секогаш ве тера да си ветите дека никогаш повеќе нема да пиете.

Главата “ќе ви пукне”, устата ви е сува, ви се врти… Народната медицина и науката многу зборувале за мамурлакот, но откако ќе пробате со аспирин, расолница, сауна, живи јајца, квасец и витаминско-минерални таблети, сите ќе се согласите дека вистински лек што ќе го спречи или излечи мамурлакот – едноставно нема! Може само да го забрзате чистењето на организмот од алкохолот, делумно да ублажите некои симптоми и да чекате сето тоа да помине.

За почеток малку теорија: мамурлак е име за последиците од алкохолно труење, изразот труење не е избран без причина. Симптомите вклучуваат дехидрација, гадење, болки во желудникот, главоболка, пречувствителност на светлина и звуци, дијареа, ослабени моторни вештини, концентрација и меморија. Не заборавајте дека мамурлакот е најсреќна варијанта на труење.

Неколку часа пред да излезете подгответе си витаминско-минерална бомба и обезбедете го телото со витамини (А, B и C), како и со магнезиум и цинк. Два аспирина, 600 мг витамин C, 1-2 таблети B комплекс, банана, две лажици мед, неколку јагоди, чаша сок од портокал, половина чаша млеко, малку сол и мелено морско оревче – сето ова измиксирајте го и испијте го.

Секогаш пијте на полн стомак. Пред да излезете од дома – каснете нешто, идеални продукти за подобра апсорпција на алкохолот се лебот и компирите.

Секогаш пијте чаша вода помеѓу два алкохолни пијалака, тоа ќе му овозможи на организмот да задржи доволно течности и постепено да ги впива токсините.

Ноќта е долга, затоа пијте умерено. Еден пијалак на еден час, толку му е потребно на организмот за да го преработи алкохолот.

Утрото кога ќе се разбудите пијте многу вода и напијте се мултивитамин, тоа ќе му помогне на организмот побрзо да се ослободи од токсичните материи. Не пијте аспирин и други лекови против болка.

Од народните лекови ја признаваме расолницата (богата е со сол и витамин C), како и домашната супа од зеленчук. Посолете ја и јадете ја полека, лажица по лажица. Вода исто така пијте полека, голтка по голтка, во текот на целиот ден. Често празнете го мочниот меур. Јадете овошје и зеленчук или пијте природни сокови: од портокал или од домати, никако од грејпфрут. Избегнувајте кафе и црн чај – диуретиците само ќе ја зголемат дехидрацијата. Заборавете на масна и тешка храна.

Туширајте се со млака вода. Затемнете ја просторијата, олеснете ја главоболката со помош на ладни облоги, а кога ќе можете да станете од кревет истегнете ги мускулите и направете неколку едноставни вежби. Но ако и при најмали движења ви се лоши останете во кревет колку што ви е потребно, во тишина или со тивка музика. Кога ќе ви биде подобро, расположете се со добро друштво, интересна книга или филм.

Повеќето симптоми ќе исчезнат во рок од 24 до 48 часа, но тоа што веќе не ви е лошо не значи дека сè е во ред. На телото му се потребни од шест до седум дена целосна апстиненција за да се врати во нормала! За долгорочните последици, како што се дупките во меморијата и срамот поради глупостите кои сте ги направиле под влијание на алкохолот, не знаеме лек.

Но ако се придржувате до ова, сигурно празниците ќе ви минат без главоболки, во пријатно и весело расположение.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford