60 работи што треба да се направат и да се кажат, со цел да се подигне среќно дете

Спонзорирани линкови

Ви презентираме во продолжение 60 фрази кои родителите мораат да им ги кажуваат на своите деца, како би тие прераснале во среќни и грижливи деца.

Овие изрази можат навистина да направат чуда: тие ќе ги научат вашите деца како да сакаат и како да бидат сакани, како да бидат сигурни, да ја делат радоста и среќата со другите, и да го ценат она што го имаат.

Кажувајте им:

  • “Те сакам“.
  • “Те сакам без оглед на се“.
  • “Те сакам и кога се лутиш на мене“.
  • “Те сакам и кога сум лута на тебе“.
  • “Те сакам и кога си далеку од мене. Мојата љубов е секогаш со тебе. “
  • “Дури и кога би можела да бирам кое дете да биде мое, јас пак би те избрала тебе. “
  • “Толку многу те сакам, што тоа не би можело ни да го замислиш. “
  • “Фала ти. “
  • “Баш ми беше забавно денес играјќи со тебе. “
  • “Моите омилени сеќавања се баш оние денови кои ги поминував во игра со тебе. “

Зборувајте им:

  • …Моментите на нивното раѓање или посвојување.
  • …Колку сте сакале да се галите и гушкате со нив додека биле мали.
  • …Како сте го одбрале неговото име.
  • …Приказни за самите вас од кога сте биле малечки.
  • …Приказни за тоа како се упознале неговите родители.
  • … За своите омиени бои.
  • …Дека и вие понекогаш се соочувате со потешкотии.
  • …Дека имате тајни кои функционираат одприлика вака: Кога ги држете зарака и полека ги стиснете три пати, тоа значи –Те сакам.
  • … За вашите планови за иднината.
  • …За вашата моментална работа, или активностите во кои учествувате.

Слушајте:

  • …Што ви зборува детето додека го возите.
  • …Што зборува за неговите играчки, и пробајте да сфатете колку му се тие вредни.
  • …Секое прашање кое ќе го постави, и проблемот кој го опишува. На детето некој проблем може да му изгледа премногу тежок и секако ќе му биде потребна ваша помош.
  • …На она што го зборува барем една секунда подолго од вообичаеното,пред да се уморите од неговото брблање. Обратете внимание.
  • Она што го зборуваат и пробајте да ги преопзнаете чуствата кои се кријат позади тоа.

Поставувајте прашања од типот:

  • Што мислиш, зошто тоа се случило?
  • Што мислиш дека ќе се случи ако…?
  • Како можеме тоа да го дознаеме?
  • За што размислуваш?
  • Кое е твојот омилен спомен?
  • Што мислиш, каков е тој вкус?

Научете ги и покажете им:

  • Како нештото да го направат, наместо да им го забранувате.
  • Како да свират.
  • Како да мешаат карти.
  • Како да ја сецкаат храната.
  • Како да ја наместат облеката.
  • Како да бараат информации, кога не го знаат одговорот.
  • Колку многу ја сакате својата мајка/татко.
  • Како да се грижат за себе и да останат во добра форма.

Распоредете го вашето време така што да можете:

  • Заедно да гледате градилишта.
  • Да ги гледате птиците.
  • Да гответе заедно.
  • Да одите и да посетите некое омилено место.
  • Да посветите што поголемо внимание правејќи го заедно тоа што вашето дете го сака.
  • Заедно да играте на игралиште.
  • Само да седете и гледате додека тоа си игра.

Направете го секој ден посебен: 

  • Направете мало изненадување на вашето дете.
  • Ставете чоколадо во палачинките.
  • Сервирајте го јадењето во облик на смешко.
  • Седнете на подот и играјте си заедно.

Решете се од :

  • Чуството на вина.
  • Размислувањата за тоа какви треба да бидат работите.
  • Својата потреба да секогаш треба да бидете во право.

Пробајте го следново:

  • Гледајте го вашето дете со добрина и љубов.
  • Намсевнете им се кога ќе ви влезат во соба.
  • Возвратете му со нежност кога ќе видете дека тоа го бара.
  • Пред да му кажете нешто (или да го исправете ) потрудете се да воспоставите контакт со очите, така да вашето дете вистински го слуша она што му го зборувате.
  • Оставете го вашето дете да се носи со неговите/нејзините фрустрации (лутина, разочарување) пред да му помогнете.
  • Избањајте го на крајот од работниот ден.
  • Одберете го својот омилен начин на искажување на љубовта спрема своето дете.

Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…

 

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford