Најчеста грешка која жените ја прават, кога станува збор за веѓите, е тоа што или премногу се грижат за тоа како изгледаат тие или пак воопшто не им обрнуваат внимание.
Тие не смеат да бидат занемарени затоа што може неуредно да делуваме, а од друга страна пак, не смееме често да се грижиме за тоа како изгледаат и постојано да ги обликуваме затоа што може да дојде до нивно исчезнување.
Вистинскиот облик може да направи да изгледате посексапилно, помладо, поодморено и посвежо.
Затоа избегнувајте ги најчестите грешки при обликување на вашите веѓи.
Но, дали знаете кои се тие?
Сечење веѓи
Сигурно ова сте го чуле од некоја пријателка, која чула од некоја друга пријателка, која чула од некоја шеста личност. Сечењето веѓи се користи за скратување на долгите влакна кои сметаат, а не за обликување.
Доколку и вие имате поголеми влакна кои излегуваат на виделина, земете чешел за веѓи и исчешлајте ги веѓите нагоре. Сите големи влакна ќе бидат лесно видливи и скратете ги онолку за да добиете подобар изглед.
Темен молив
Ако имате тенки веѓи, не се обидувајте тој проблем да го средите со цртање со црн молив. Ако сакате веѓите да изгледаат подебело, треба да користите молив кој е за нијанса или две посветла од природната боја на косата.
Доколку веѓите се навистина тенки и ретки тогаш проблемот е покомплексен. Затоа, нанесете пудра на оние делови каде немате влакна и убаво со молив оцртајте ја. Така ќе го задржите природниот изглед.
Стенчени веѓи
Ова е најчесто најголемата грешка на младите девојки кои за прв пат се обидуваат самостојно да ги обликуваат веѓите. Тенките стенчени веѓи, кои порано беа во мода, може да го направи вашето лице да изгледа здодевно и неинтересно.
Голем ризик е тоа што со честото обликување на веѓите може да направите на некои места никогаш повеќе да не пораснат влакна. Затоа, пред самостојно да направите било што со веѓите, консултирајте се со стручно лице, а потоа може сами да се грижите за нив.