Целулитот е проблем кој не може за еден ден да се реши. Се уште не е време за кратките здолништа и бикини, но доколку сакате беспрекорно да изгледате на плажа, треба да се позанимавате со овој проблем доколку го имате.
Како да го сторите тоа? Како да го отстраните во домашни услови?
Цимет
Циметот го стимулира лачењето на заостанатите и отпадните материи со што ја намалува телесната тежина. Како да го користите?
Користете го со млеко за тело кое е исто така антицелулитно, намачкајте ги бедрата со кремата, а потоа врз неа нанесете цимет. Потоа завиткајте ги бедрата со алуминиумска фолија и оставете да делува половина час. По тоа отстранете ја фолијата и исплакнете ги бедрата наизменично со млаз ладна и жешка вода.
Глина
Глината служи за детоксикација на телото на тој начин што за неа се врзуваат сите отпадни материи. Како да го направите рецептот со глина?
На глината додавајте и вода се додека не добиете густа смеса. Не ги мешајте туку оставете ја глината сама да поприми вода.
Потоа смесата нанесете ја на местата каде имате целулит и местата замотајте ги со алуминиумска фолија за да се загрее местото убаво. По 15 минути, извадете ја фолијата, глината измијте ја со топла вода, а потоа местото каде стоела мијте го наизменично со топол и ладен туш.
Потоа местата намачкајте ги со крема против целулит.
Кафе
Кофеинот кој се наоѓа во кафето ја поттикнува циркулацијата, а воедно тој е главна состојка на сите антицелулитни креми.
Кафето може да се користи против целулитот, доколку го употребувате во исто време со пилинг гел против целулит. Но, како? Во гелот за туширање додадете доволно количина мелено кафе и измешајте ги.
Потоа, нанесете на местата каде имате целулит и со кружни движења, масирајте ги неколку минути.
По масажата мијте се наизменично со топол и ладен туш.