Убаво опавче е една од најтешките работи која може да се направи. Тоа треба да изгледа густо и да потскокнува. Многу девојки ја залижуваат косата и едноставно не знаат како да ја фатат. Така, таа може да изгледа мртво и мрсно.
Како да ја фатите косата во убаво опавче која ќе го открива вашето лице?
Сушете ја надоле
Најнапред исушете ја косата наведнати надоле. Потоа префрлете ја косата наназад и исушете ја во таа положба. Можете оваа постапка да ја повторите неколку пати за да може да преминете на следните чекори.
Врзете ја
Фатете ја целата коса со рацете и искачете ја да стои нешто погоре од средината на тилот. Заврзете ја со гумена врвка и убаво зацврстете ја.
Лак за коса
Убаво испрскајте ја косата со лак за коса за да ја зацврстите. Може да поминете со чешел за да ја обликувате косата, но секако тоа по избор.