Вардар загуби во дебито во Лига Европа, Зенит со 0:5 го освои Скопје

Спонзорирани линкови

Понесени од еуфоријата од моментот кога главниот арбитар отсвири крај на вториот натпревар помеѓу Вардар и Фенербахче па наваму, што патем значеше и историско достигнување ако го земеме предвид фактот дека за прв пат клуб од Македонија обезбеди учество по групи во лигата на Европа, со нетрпение го очекувавме првиот официјален меч од вкупно шестте кои што треба нашиот представник да ги одигра во рамките по групи во eвропската лига.

Иако односот на силите пред натпреварот помеѓу двата тима, барем по некопи фудбалски експерти беше претставен нешто налик на ”Давид и Голијат”, сите ние се надевавме дека историјата ќе се повтори и победата во битката ќе ја добие послабиот (на хартија), сепак својата улога си ја оддиграа искуството и поквалитетниот ростер на тимот кој е составен од многу играчи и интенационалци кои во својата кариера имаат играно и за европски гиганти, клубови кои го сочинуваат фудбалскиот крем.

Микс на искусни интернационалци и играчи во тимот на Зенит, можеби и најквалитетните од својата земја кои играат значајна улога во репрезентацијата на Русија, пред се тука се мисли на Џуба и Кокорин.

Играчи кои може да си ги дозволи тимот од Русија ако се земе предвид висината на буџетот (милионски) со кои располагаат. Вардар далеку од очекуваното иако пред себе имаше поквалитетен противник, без оној ентузијазам од последните два натпревари од квалификациите за европската лига, натпреварите против Фенербахче. Македонскиот претставник во лигата на Европа без идеја скоро во целиот тек од натпреварот, со ни малку доза на креативност во средниот ред, анемичен и со многу ”дупки” во одбраната, кажано со фудбалски вокабулар.

Целосна доминација во првото полувреме на средината на теренот на фудбалерите од Зенит, поседот на топката на нивна страна, пред се тука царуваа средните играчи на рускиот тим Краневитер, Нобоа итн…

Во второто, барем во првите 10.тина минути, Вардар покажа малку повеќе желба и живост но повторно следуваше пад во играта. Слаба координација во одбраната, тотално несинхронизирани играчите од одбранбебата линија на Вардар тука мислам на Грнчаров и Велковски, додека Берсегијан целосно отсечен во шпицот на нападот од едноставна причина што нашите креативци од средниот ред не успеваа во текот на целиот натпревар да врзат повеќе од две додавања на средината од теренот.

Се на се, заслужена победа и освоени три бода на тимот од Русија. Да се надеваме дека стручниот штаб на Вардар на чело со Чеде Јаневски и фудбалерите ќе можат да ја погледнат видео снимката од вечерашниов натпревар, ќе ги увидат грешките и пропустите што ги направија и од сето тоа ќе се извлечат поуки кои ќе помогнат за веќе во следниот натпревар од истото натпреварувње, нашиот претставник да влезе далеку поспремен во оној сегмент што го допира тактичкиот и психолошкиот карактер.

Новинар: Драган Јовановски
Фото: Будимир Стамчевски

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford