Секоја масажа е еликсир за некој проблем со кој веќе извесно време се борите. Дознајте со која масажа ќе ги решите болките во стомакот, вратот, имунитетот… и отстранете ги тие болки за брзо време.
ТРАДИЦИОНАЛНА МАСАЖА
Помага при смалување на стресот, подобрување на циркулацијата и тонусот на мускулите, намалување на болките во зглобови и ублажување на задебелувањето кај сврзното ткиво.
ШИАТСУ
Оваа масажа е добра за урамнотежување на протокот на енергија во организмот, ослободување од стресот, опуштање на нервниот систем, подобрување на циркулацијата и зајакнување на имунитетот.
КИНЕСКА МАСАЖА
Кинеската масажа служи за подобрување на работата на желудникот и останатите органи за варење на храната, а го зајакнува и тонусот на кожата.
КАЛИФОРНИСКА МАСАЖА
Помага при намалување на целулитот, опуштање на кожата, растегнување на мускулите. Идеална е за летниот период бидејќи го зголемува сјајот на кожата.
ЛИМФНА ДРЕНАЖА
Лимфната дренажа е добра за отстранување на наслагите од целулит, намалување на отоците на екстремитетите, затегнување на кожата на лицето.
ТАЈЛАНДСКА МАСАЖА
Традиционалната тајландска масажа е комбинација врши целокупно обновување на организмот, ишијас, лумбаго (болки во долниот дел од грбот), стрес и опуштање.
РЕФЛЕКСОЛОГИЈА
Служи за воспоставување рамнотежа во работата на внатрешните органи, намалување на уморот и регулирање на несоницата.
АЈУРВЕДСКА МАСАЖА
Одлична е за воспоставување рамнотежа во организмот, пеглање на брчките, чистење на кожата.