Во едно истражување било откриено дека големите одлуки полесно се донесуваат со помош на покачениот шеќер. Порастот на шеќерот во крвта помага при донесувањето мудри одлуки, додека недостатокот на глукозата може да доведе до ненадејни и непромислени потези.
Испитаниците имале за задача да одговорат дали сакаат одредена сума на пари, веднаш, или би почекале до утре за поголема сума. На првата половина од прашањето одговарале на празен желудник…потоа добиле чаша газиран пијалак што содржи шеќер и продолжиле со одговарање на вториот дел од прашањето.
Само десетина минути по консумирањето на газираниот, засладен пијалак, поголемиот број од учесниците на анкетата се одлучиле за поголемата сума за пари што требале да ја добијат покасно.
Резултатите од истражувањето биле објавени во познатото списание „Psychological Science”.
Истражувањето било направено со цел да се открие колку покачениот шеќер, освен на тежината, влијае и на донесувањето одлуки.