Појадокот е најважниот оброк во денот, но тоа не значи дека секој појадок е здрав за организмот. Девојките кои редовно појадуваат, во просек се послаби од оние кои го прескокнуваат првиот оброк во денот.
Покрај тоа имаат зголемена ментална и сила за поголема физичка активност. Појадокот е најважниот оброк во денот, но тоа не значи дека секој појадок е здрав за организмот.
1. Не се препорачува:
ДИМЕНА ХАРИНГА НА СКАРА
Кај нас, харингата не е секојдневен оброк, но е најдобрата риба. Богата е со масните киселини омега 3 и омега 6, кои помагаат при спречување на срцевата болест. Имајте на знаење дека оваа риба е доволно масна и солена, па затоа ваков појадок е доволен еднаш неделно.
Изобилува со Омега 3, Омега 6, протеини, калциум. Вкупно 125 калории.
ТОСТ СО ПУТЕР И ЏЕМ
Можеби изгледа како здрав избор, но путерот и џемот содржат премногу масти и калории. Доколку ви се допаѓа ваквиот оброк, на тостот ставете само тенок слој џем.
Изобилува со калциум, малку витамин Ц и Д. Вкупно 409 калории.
СЕНДВИЧ СО СЛАНИНА И КЕЧАП
Во овој појадок има повеќе сол и од хамбургер. Единствено е добар во борбата против мамурлакот.
Изобилува со витамин Б, малку железо. Вкупно 307 калории.
КРОАСАН
Кроасанот содржи голема количина на маснотии. Полнетите кроасани со мармалад или чоколадо речиси ја надминуваат дневната препорачана доза. Кроасанот е еден од оние оброци кои краткотрајно го снабдуваат организмот со енергија.
Изобилува со малку витамин А и Д, протеини. Вкупно 279 калории.
„ЅИДАРСКИ ПОЈАДОК” (леб, јајца, сланина, колбас, домат…)
Ваквиот појадок ја содржи дневната препорачана доза на маснотии за жени. Доматот е здрав зошто го олеснува варењето и го снабдува телото со витамин Ц, Б1 и Е. Сепак обидете се да го избегнувате овој вид на појадок.
Изобилува со железо, витамин Ц, влакна, калциум, фолна киселина. Вкупно 620 калории.
2. Се препорачува:
ВАРЕНО ЈАЈЦЕ И ТОСТ
Една жолчка содржи 13 важни хранливи материи, додека белката од јајце е извор на протеини. Додадете уште интегрален тост и ќе добиете енергетска бомба.
Изобилува со витамини А, Д, Е, Б, протеини, јод, цинк. Вкупно 185 калории.
КАЈГАНА И ДИМЕН ЛОСОС
Веќе напомнавме дека јајцата се извор на хранливи материи и протеини, а во комбинација со лосос, кој е богат со омега 3, е здрав и хранлив појадок.
Изобилува со витамин Д и Б, цинк, јод, протеини, омега 3. Вкупно 183 калории.
МЕКО ВАРЕНИ ЈАЈЦА, ТОСТ И ПРЖЕНИ ДОМАТИ
Јајцата содржат различни витамини и минерали, вклучувајќи ги и витамин Д за здрави коски, а меко варените јајца се ниски во калории. Доматот е корисен во борбата против ракот. Овој оброк е многу добро урамнотежен.
Изобилува со витамин А, Ц, Д, Е, Б12, јод, цинк, протеини. Вкупно 249 калории.
СВЕЖО ОВОШЈЕ САЛАТА
Овошјето содржи многу витамин Ц и природен овошен шеќер. Но, ако во оваа салата не додадете банана, јогурт или тост за многу брзо време ќе осетите глад. Само свежо овошје не е доволно балансиран оброк.
Изобилува со Витамин Ц и други антиоксиданси, влакна. Вкупно 67 калории.