Водата претставува половина наш живот. Таа е извор на живот, беспрекорно го штити нашето тело, ја негува и одржува убавината и го јакне имунитетот.
Лек против главоболка
Доколку се најдете во ситуација да ве боли главата премногу, пред да се напиете апче за глава, напијте се неколку чаши вода. Прв знак за дехидрација е главоболката.
Ја подобрува концентрацијата
Дехидрацијата може да биде причина за намалување на психичките способности, вклучувајќи го и помнењето. Затоа, редовно пијте вода.
Ја зголемува енергијата
Доколку се почувствувате безживотно и без енергија, наместо чоколадо, напијте се неколку чаши вода. Енергијата значително ќе ви се зголеми
Помага при кожни болести
Недостатокот на течности во организмот ја сушат кожата со што ја намалува нејзината функција, па може да доведе то тешки кожни заболувања.
Ги топи мастите
Водата е поефикасна од сите диети заедно. Една чаша пред оброк го намалува апетитот, додека една чаша вода по секој оброк го забрзува метаболизмот и е важен фактор за намалување на килограмите.
Го јакне имунитетот
Доволната количина на вода во организмот го јакне имунитетот и помага при инфекциите. Водата го чисти организмот од бактерии и инфекции со што му овозможува правилно работење.