Честопати имаме мислење за некоја одредена храна дека е одлична и здрава за нас, но експертите можат многу лесно да го променат нашето мислење.
Масти
Кога луѓето ќе чујат масти, веднаш помислуваат на она најлошото. Има онакви масти кои го намалуваат холестеролот со што го намалуваат ризикот за појава на срцеви заболувања. Храната како ореви, лешници, авокадо, риба, маслиново масло… спаѓа во категоријата добри масти.
Сол
Солта е една од додатоците за храна, од која мора да се пази секоја жена. Веќе подготвените оброци или народно познати како готова храна купена од супермаркет, содржат големи количини сол и затоа треба да ги избегнувате и да јадете свежи оброци.
Витамини и минерали
Има толку многу намирници кои се голем извор на витамини и минерали па затоа не можете да се сконцентрирате само на еден. Се што треба да направите е да се ориентирате на свежа храна и да се обидете да внесувате што е можно повеќе витамини и минерали.
Шеќери
Вештачките шеќери брзо се апсорбираат со што во истиот момент ве снабдуваат со енергија. Но, таа енергија многу брзо може да се потроши. Затоа, погрижете се шеќер да внесувате во организмот на природен начин.