Исус дојде кај нас.
Слезе меѓу нас јадните,
Молчеливи, дволични, покорени,
Сакајќи да не спаси.
Дојде меѓу нас
Преку ликот на ангелот
И ликот на чуварот,
Но го убија.
Го убија ангелот,
Исто како што го распнаа и Исус,
Ништожно и бесчуствително.
Го убија и чуварот,
Исто како што го распнаа и Исус,
Рамнодушно и подмолно.
Остана само предавникот.
Се сокри во гората,
Па се појави,
Си ги размножи поколенијата,
Ја разнесе заразата на предавањето
И сега повторно
Човек на човека е волк,
И ни брат брата гледа,
Ни брат брата брани.
Предавникот ги запоседна
Утрата и ноќите,
И во денот,
Борбата меѓу луѓето
Нем ја гледа.
Предавникот,
Родот на Јуда,
Но без покор за злоделото,
Но без очај за стореното,
Некој мелез Јудов
Буден покрај нас.
Авторско дело на ИРЕНА СТЕВАНОВСКА