Се будам рано. Сон не ме фаќа. Погледнувам во телефонот. Рано е, се уште спие. Пак легнувам. Пак сон не ме фаќа. Во главата ќе почнат да ми се вртат нашите заеднички моменти. Ми фали. Ја сакам.
Ја гледам секој ден но не можам да ја бакнам. Далеку е, од моите очи, допири но не и од моето срце. Моиве усни само од името нејзино ќе се скокоткаат.
Таа е нешто посебно кое влезе во мојот живот, ангел кој ми падна од небото кога најмалку очекував, така ненадејно во момент кога мислев дека никогаш повторно нема да се заљубам.
Таа е девојка која ме прави среќен a доволно за тоа беше да ја погледнам нејзината насмевка. Насмевка која ја има само таа, насмевка која би би блеснала и на милион километри далечина во најтемната ноќ.
Нејзиното присуство е дар за мене, најскапоцениот дар за кој и фараоните само може да фантазираат, а нејзиниот треперечки бакнеж знае да го стопи и најледениот мраз.
Ја сакам, ја имам, ме сака… Но нешто ме плаши постојано. Сакам да биде само моја и никогаш да не ја изгубам, сакам да биде до мене и во добро и во лошо, сакам да бидеме заедно до крај, бидејќи само неа ја сакам, само таа ми е потребна во животот. Ништо повеќе! Ништо друго надвор од тоа не ми е битно. Но од тоа најмногу и се плашам, дека можеби никогаш нема вистински да ја имам. Тој страв повеќе пати ја повреди, а јас не знам како да и го објаснам тоа. Помислува дека не ја сакам, а јас едноставно живеам за неа.
Ми недостига, а моја е, има моменти кога не можам да и се наситам без разлика колку време и да поминеме заедно.
И цел век заедно со неа не би ми бил доволен. Навистина е премалку зборови за да ти ги откријам сите нејзини убавини но знам дека со секој нов заеднички момент ме обзема повторно и повторно како и првиот ден кога ја бакнав.
Секој нареден ден се посилно и посилно зависам од неа.
Љубов моја, дозволи ми да лудувам по тебе, мами ме со погледи и насмевки, дај ми ја топлината твоја и најважно, љубовта по која мечтеам.
Таа е мојата слатка јаготка, мојот таен бакнеж.