Честопати мечтаев…Сонувач по природа сум…Не за големи и неостварливи да не речам невозможни работи за кои само чудо би завршило работа,туку за оние малите….секојдневните. Секогаш, уште малечка паметам знаев да мечтаам.
Поинаку сум гледала на работите. Одсекогаш сум била ‘’другачие’’ дете. Барем така се доживував кога правев споредби со околината. Можеби моите соништа се разликувале малку од другите, или сум двоела од толпата…Ете сеуште не знам…Туку…Дали ви е познато она чуството дека не се пронаоѓате во околината која ве опкружува? Дека не се вклопувате во целата таа сложувалка? И мене!
Броејќи ги досегашните моменти и случувања во мојот живот честопати се сопнувам. Застанувам, размислувам, паѓам и давајќи го целото мое време на мојот ум на располагање успевам секогаш да најдам соодветен изговор за утеха. Сигурно ве учеле уште од малечки дека помагањето на другите, трудот вложен во градење на добри и долги пријателски, љубовни, фамилијарни и какви и да било врски бараат време,трпение,љубов.Ве учеле сигурно и да дадете се од себе за да направите некој среќен…Да му го разубавите денот…животот…Но дали ве научиле дека не треба да ја жртвувате сопствената среќа за да не ја згазите туѓата? Мене не…И тука доаѓа она размислување. Она за кое сама си наоѓам изговори и причини зошто нештото не сум го направила или сум го направила. И едно големо сфаќање. Да, постојат жртви. Сите ние се жртвуваме за да допринесеме нечиј сон да се оствари…некоја желба да се исполни…И среќни сме за нашето допринесување.За насмевката што сме ја измамиле на туѓото лице. И убаво е чуството. Исполнувачко!…Се до даден момент кога сфаќаш дека поминало времето, си ги пропуштил шансите заградење на твојата среќа. Си ја запоставила..Или си немала време да ја реализираш…Или едноставно си ја згазила…И дури тогаш почнуваш да стануваш себичен. Едноставно гледаш дека друѓите немаат време за тебе, затвојата мака-зафатени се за освојување на нови среќни територии со нови подпомагачи или градители на истата. Една врата се затвара, друга се отвара…Така некако требаше да звучи според правилата и цитати оставени или напишани таму од некои што на нив тоа им се покажало дека добро функционира. А што се случува кога сите врати наеднаш ти се затвараат, кога наеднаш снемуваш светлина, воздухот се исцрпува… Дури тогаш имаш време на располагање за размислување колку сакаш. Тогаш можеш со ладна глава да ги согледаш работите. Ма ниту огледало не ти се наоѓа во темната просторија со сите затворени врати за да можеш да го одгледаш ликот во кој си се претворила…И толку. Сфаќаш дека сите твои среќни ресурси, очекувани насмевки ги снемало…завршиле…
Погледнуваш во часовникот и сфаќаш дека е доцна. Доцна за менување на текот на работите во твојот живот. Доцна за креирање на нови можности.. На нови среќи…Се радуваш само на своите внуци кои они за разлика од тебе ќе ги следат своите соништа..ќе веруваат во нив…и ке успеат во нив.
Затоа, не чекајте идеално време за да почнете да го живеете сопствениот живот. Не правите жртви со кои ќе ги срушите вашите соништа. Едноставно, градете ја вашата среќа. Сонувајте го вашиот сон. Не, не сте себични, само премногу свесни дека вашите соништа за вас се најголемите, најубавите…затоа што се ВАШИ!