Знаеме дека на многу девојки, порно филмовите не им е омилениот жанр. Без разлика дали ја вртите главата кога некој пуштил токму таков филм, потсвесно размислувате за тоа што го прават и како го прават.
Порно актерките знаат многу тајни. Еве неколку што може да се научат од нив.
Уживајте во она што го правите
Мажите го сакаат сексот и кога имаат односи не ги забележуваат големите колкови, задник. Згаснете го светлото, запалете свеќи и уживајте еден во друг.
Запознајте се себе
Не е срамно да мастурбирате. Можете тоа и сама да го правите. Допирајте се и откријте си ги ерогените зони. Така ќе може да му покажете на партнерот што ве возбудува.
Покажете ентузијазам
Не се воздржувајте. Извадете го целиот сексапил што го поседувате и правете се што ќе ви падне на ум. Започнете го денот со бакнежи под ќебето, праќајте му секси пораки во текот на денот, а на крајот од денот покажете му со дела колку ви фалел.
Купете секси долна облека
Најголема фантазија за мажите е да ја гледаат својата партнерка во секси долна облека и високи потпетици. Зошто да не му го пружите тоа задоволство?
Експериментирајте
Редовниот секс знае да стане монотон и досаден. Затоа не се плашете ако побара од вас да пробате нови пози. може да ви се допаднат дури и на вас.
Преземете иницијатива
Покажете му што најмногу ве возбудува и бидете гласна. Правете се што ќе посакате и не се срамете да експериментирате.
Кажете му дека е најдобар
Мажите сакаат да се докажуваат и сакаат да слушнат дека се најдобри. Затоа дајте му го тоа до знаење. Кажете му го за време на сексот, тоа дополнително ќе го излуди.