Во оние денови и моменти кога не си се поднесувате, кога не сакате да сте си во сопствената кожа или пак работи кои не си ги сакате на себе или во карактерот, токму тие моменти и ситници се оние кои мажите ги сметаат за секси и интересни и ве сакаат уште повеќе поради тоа што во тие моменти вие сте тоа што сте вистински без никакви маски и глума.
ПОСЛЕ ТЕРЕТАНА
Вие си мислите дека вашето момче ве посакува најмногу кога сте елегантно облечена и кога сте најсредена, но се лажете. Најмногу ве посакуваат некој работен ден од неделата кога ќе се вратите од теретана, облечена во маичка припиена низ телото и хеланки, без шминка и парфем и си велите сама на себе „Колку сум препотена, не можам да си се поднесам!”
НОСЕЊЕ НИВНА ОБЛЕКА
Самата слика кога некоја нивна маица или боксерки полека се лизга низ вашето тело е возбуда за нив. Можеби тоа е некоја примитивна посесивност и им доаѓа да викаат „Таа е моја, само моја!” Уште еден знак дека тие се воодушевени што вие сте нивна девојка.
ЧУДНИТЕ СРЕДНОШКОЛСКИ СЛИКИ
Кога ќе ги начека тие слики вие одма велите „Леле, те молам не ги гледај тие. Ужасни се.” Но, ќе ви откриеме една тајна. Таквите слики се само потврдување колку „откачена” личност сте. Можеби од кога сте пораснале, малку сте се смениле, но оставете го нека се потсетува на „лудите” денови поминати со вас.
ЉУБОВТА КОН ДЕЦАТА И СЕМЕЈСТВОТО
Кога сте кај неговото семејство на гости, вие си играте со децата на неговиот брат/сестра, разговарате со мајка му иако постојано ве критикува се ситници, се смеете на глупавите шеги на неговиот татко и на крај на денот повторно сакате да сте со него и да водите љубов. Тоа е она што го обожава кај вас.
ВАШЕТО ГОТВЕЊЕ
Постојано се нервирате дека додека сте готвеле, не сте ставиле некоја состојка и дека јадењето нема да испадне како што треба. Тоа го забележувате само вие. Следниот пат ќе си ги излиже дури и прстите од што ќе му биде слатко, а верувајте дека нема ни да забележи дека фали нешто.
РАЗБИРАЊЕТО СО ПОГЛЕД
Знаете за кој ви зборуваме. Обожаваат кога сте во друштво само да ве погледне и да ви покаже со очи каде ќе продолжи забавата. Нема потреба од премногу зборување. Веќе доволно добро се познавате за да знаете што сака да ви каже.