Дечко, не сум ти јас ергенска вечер!

Спонзорирани линкови

Добивате повик од маж од минатото целиот возбуден со ентузијастичен глас ве кани на кафе средба. За некои мажи ве поврзува чудна хемија цел живот, а тој е токму еден од малкумината такви, па кафе средбите со него, кои како зависност ве пратат години наназад, никогаш не завршуваат без страстна прегратка.

Секоја жена има барем една таква ахилова пета во животот.

Фаталниот повик

Но овој пат не затреперивте кога го чувте неговиот глас, туку се згрозивте од него, од неморалот, од лошите игри на животот. Откако се вети на друга жена се збогувавте со него, но тој дали исплашен од преголемата сериозност на новата врска или од немоќноста да ве заборави повторно посака да се најде во ваше друштво.

Што мислеше тој?

Не сте вие неговата ергенска вечер и последен збогум од слободниот живот, ниту честитка за свадба и среќен брачен живот, ниту гладна за трошки, ниту безобзирна „кучка“. Без разлика што тој некогаш беше љубовта на вашиот живот, за чија исправност сега и се прашувате, сега сте свесни дека припаѓа на некоја друга и можете гордо да се носите со тој пораз или избор, без разлика.

Од каде тој ја собра таа храброст и дрскост да ги сврти 9-те бројчиња од вашиот телефонски број, како ни малку не му затрепери гласот кога ви ја кажуваше понудата вредна да гори во пеколот? Дали воопшто знае тој да сака? Како ја сака таа жена, животна избраничка, на ваков начин, дали и вас ве сакал вака или сте неговата непреболена, па смета дека овој луксуз му е дозволен?

Куп дрскост и непочит

Која и да е причината ваквата понуда во ниту еден миг не ја сфаќајте како ласкање кон вас, туку како негова крајна непочит. Тој помисли дека сте подготвена да легнете во неговиот кревет иако бурмата му е во фаза на изработка. Дали америчките филмови со љубовни тројки, шпанските сапунски серии со оправдани прељуби или турските серии со султански харем му дадоа ваква идеја? Идејата на ергенска ноќ во која се е дозволено, со проституки во скутот и тигри во тоалетот го излажаа да поверува дека вие ќе бидете неговиот сладок грев.

Мал милион прашања без одговор…. Само едно е сигурно, среќни сте што немате зло како него на вратот, среќни сте што го предадовте на друга жена и што нема цел живот да слушате ласкања со тон задкулисни игри позади вашиот грб.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford