Дивеењето или како што се нарекува по законот насилничко возење,на автопатите не ретко завршува со незгода,а најчесто го извлечат најдебелиот крај оние кои се најмалку криви за тоа!
До сега се нагледавме доста ризични ситуации во сообракајот.Таков е и овој случај каде возачот на Nissana GT-R кој се наогаше во левата брза лента и остана потполно изненаден кога од десната страна му излезе бел Ferrari 458 Italia и му го пресече патот без пардо!
Нажалост при таа брзина,возачот на GT-R направи се да се тргне но мегутоа излета надвор од асфалтот на кратко,изгуби контрола и се удари во колата која беше до неговата трака.За тоа време паметниот возач на Ferrari избега во далечина,а единствен доказ за ова е видеото од третата кола која го снима сето ова.Според вас што мислите кој е виновникот за овој удар?