Новиот шеф на дизајн во Ауди Mark Lihte првиот премиерски дизајнерски јазик го покажа на саемот во Лос Анџелс предходната година со пролог концептот, а сега имаме прилика да видемо варијанта на овој концепт кој во иднина ке ја претставуват спортбек и караван модели.
Новиот дизајнерски јазик со бренд од четири круга по прв пат во сериско производство ке се појави со А8 моделот кој на пазарот излегува во 2016 година,а новиот “prolog avant” концепт кој се најавува за мартовскиот саем во Женева го отсликува идниот хечбег и караван модел.
На скиците можеме да забележиме кај “prolog avant” дека има пет врати додека дизајнот на задните светла ке има сличен дизајн на оригиналниот пролог концепт а новина е и кровниот спојлер.
И понатаму нема потврда кој погонски систем ке се користи,а оригиналниот пролог концепт имаше 4.0-литарски TFSI V-8 со 605КС и 750Nm.