Американскиот произведувач на автомобили ги изненади своите посетители на саемот во Детроит и ја претстави сериската верзија на ГТ автомобил кој на пазарот ке пристигне во 2016 година.
Во правиот дух на суперавтомобил моторот му е поставен на средина и има погон на сите четири тркала со аеродинамична каросерија а наместо познатиот в8 мотор под хаубата се наога EcoBoost V-6 агрегатор со преку 600кс.
Во текот на изработката на шасијата Форд користел разни легири и лесни метали како што се јаглеродни влакна и алуминиум што се одржува во одличен баланс имегу тежината и брзината на автомобилот.ПАтничката кабина е во потполност направена од јаглеродни влакна и има аеродинамичен изглед каде на тоа се надополнува и подвижниот заден спојлер.
Тркалата се 20 инчни со Mišelin “Pilot Super Sport Cup 2” гуми дизајнирани специјално за ГТ, додека за кочење се задолжени карбонско-керамички дискови.
Седиштата се вградени во патничката кабина а висината на педалите и воланот е подесувачка што подсетува на Формула 1.