Автомобилот „Jaguar XE“ е прогласен за најубав автомобил на 2014 година за време на 30-то издание на Festival Automobile International во Париз.
Наградата ја доби по јавно гласање во кое учествуваа повеќе од 100.000 луѓе од 59 држави. Претставникот од семејството на „мачките“ беше избран за најубав во однос на останатите конкуренти за блескавото признание: Mazda MX-5, Mercedes C-Класа и Fiat 500X.