После тизерот и екслузивното тест возење за членовите на редакцијата “Auto Bilda”, додека автомобилот беше сеуште во фаза на развивање,од Опел пристигнаа и првите јавни фотографии на новата верзија на Опел астра која светската премиера ке ја има на саемот за автомобили во Франкфурт во септември.
Спрема првите достапни податоци,поради користење на новите Џенерал моторс платформи новата астра ке биде димензии помала од предходната,должината изнесува 4,37 метри(4,9цм пократка) висина 1,45(-2,6цм),а ширина 1,82метра.Пократка е во мегуосовинското растојание 2,66метра што е помала за 2,3цм),но новата астра спрема тврдењата од компанијата ке има многу повеке простор во кабината а како пример се дадените 3,4цм простор за нозе на патниците на задната клупа.
Што се однесува на моторот во игра ке се најдат шест агрегати, по три бензински и три дизел мотори, од 105 до 200(бензинските мотори), односно од 95 до 170КС(дизелските мотори).Повеке конкретни информации се очекува пред самата премиера…