Компанијата “Hyundai Motor“ објави дека за време на салонот во Франкфурт ќе се ја промовира новата спортска подмарка на компанијата наречена N.
Корејците велат дека таа е резултат на долготрајна работа и развој на повеќе модели, за кои се искористени решенија и знаења стекнати од тркачките патеки.
За време на салонот во Франкфурт ќе биде претставен за оваа цел новиот тркачки автомобил на Hyundai за Светскиот рели шампионат, кој е развиен врз основа на целосно новата генерација на моделот i20. На штандот на компанијата ќе биде претставен првиот прототип на рели-автомобил кој ќе се вклучи во следната сезона на WRC шампионатот.
Друг акцент на штандот на Hyundai ќе биде ставен на концептниот развој Hyundai N 2025 Vision Gran Turismo, создаден специјално за истоимената игра на PlayStation. Hyundai ќе претстави и уште една студија – RM15.