Интервју со Д-р Ангелчо Андоновски: Каква е состојбата со морбилите и како детската болница „Козле“ се справува со нив?

Спонзорирани линкови

Доктор Андоновски дали состојбата со морбилите е веќе под контрола или сеуште се очекува да епидемијата потрае?

Официјално епидемијата сеуште трае. Се дури Министерството за здравство не се огласи со јавно соопштение до тогаш ќе биде ситуацијата сеуште водена како таква. Онаа што е за секаков поздрав е дека веќе се вакцинирани над 11 000 луѓе во државата. Клинички ако говориме секако дека во моментов имаме намален број на случаеви иако  бројката достигна околу 459 пациенти кои беа со дијагностицирани морбили , бројка која беше очекувана но со време спречена да не биде и многу поголема благодарение на навремената реакција од страна на сите релевантни фактори во државата кои се заземаа за решавање на овој голем проблем кој секако го очекувавме по се што воочивме дека е последица од еден децениски изминат период на антиваксерството во државата.

Како Детската болница Козле се справи со овој проблем?

Детската болница Козле беше на врвот на својата задача , лекарските тимови дадоа се од себе за да се биде под контрола и да не се дозволи контагинација и на останатите пациенти а со пациентите  кои беа хоспитализирани им се укажа врвна медицинска помош. Секако дека епидемијата беше и фатална за некој случаи кои беа доста кревки и веќе со многу нарушена општа здравствена состојба. Оноа што го направивме беше поставување на изолиран оддел каде сите пациенти кои беа суспектни и на кои требаше да им се укаже медицинска помош беа хоспитализирани токму таму. Хигиената беше на високо ниво како и секогаш но сепак ги превземавме сите неоходни епидемиолошки мерки за да не дојде до ширење на епидемијата. Исто така термините за преглед беа укинати а сега кога веќе епидемијата стивнува термините се пуштени и се работи регуларно. Сепак остануваме во приправност и понатака.

Би сакале да ни дадете објаснување што е со сезоната на грипот кај нас и дали е веќе присутен?

Нормално да во текот на овој  период од годината очекуваме да дојде до појава на грипот. Не само како патолошка здравствена компликација туку и како нешто со кое се справуваме и му се спротиставуваме секоја година. До сега во нашата држава имаме 42 дијагностицирани случаи на пандемски грип АХ1 , 6 заболени со АХ3 , и 6 нетипизирани случаи на Инфлуенца. Бројката на заболени секако дека ќе расте и ќе се постигне некој пик на заболувањето . Кога станува збор за децата родителите треба да свесно поработаат на нивниот имунитет. Сепак вирусот е вирус не е бактерија и не се лекува со антибиотици туку напротив треба да се справиме само и само со одржување и потпирање и ојакнување на имунолошкиот ситем кај децата. Што означува тоа и кој е начинот? Значи исхрана збогатена со овошје и зеленчук, домашно приготвени јадења, минерали и витамини и доколку сакаме да постигнеме уште поголем ефект користење на имуностимулатори и имунодулатори  препарати кои го потикнуваат имунитетот и го менуваат имуниот одговор на еден организам. Родителите посебно треба да внимавааат на првите знаци , симптоми на суспектност за присаство на грип кај нивното дете а тоа е течење на носето , кијавица , зацрвенети очи , појава на малаксаност , болка во мускулите и по извесен период можност од појава на покачена телесна температура. Ако веќе ги имаме тие симптоми треба да се обратат кај својот матичен лекар и да се направат соодветни инвестигации да се подвои дали е грип и ако е кој е или дали станува збор за бактерија. Треба да се знае дека еден кревок детски организам може да биде ослабен од самото дејство на вирусот врз имунолошкиот систем да го ослабне до тој степен да многу лесно овие деца можат да бидат инфицирани со било која бактерија која ќе се накалеми во тој период. После тоа треба да се даде добра подржка на самиот организам односно лекувањето веќе ке заземе друг правец и протокол на понатамошен третман. Секако дека Институтот за белодробни заболувања кај децата овој период работи со полна пареа, постојано имаме веќе очекуваните патологии, како што се ларингитот, бронхиолити, трахеит, опструктиви бронхити и пневмонии. Секој ден постојано се справуваме и помагаме секаде каде има потреба од наша помош.

Кога родителите да се јават на лекар и да побараат помош?

Родителите секако треба да се обратат на лекар доколку нивното дете ги има следниве симптоми и проблеми:

Потешкотија во дишењето, вовлекување на стомакот за да помогне во дишењето , висока темепратура која трае со денови и не се намалува под 37, појава на крчење и појава на визинг свиркање во градите , подолготрајна иритирачка кашлица , вознемиреност , забрзано дишење, појава на цијаноза синило околу устата , болки во мускулите и поаава на општа слабост.. тоа се само неколку од алармантните симптоми кога треба да се однесат децата веднаш кај педијатарот.

Вашето мислење за медиумите и социјалните мрежи во државата за време на епидемијата.

Видете мора да бидеме свесни дека во нашата држава се е можно , медиумите ги делам на објективни и на тотално изгубени. Навистина се надевам дека еден ден ќе се донесе соодветен закон кој ќе гарантира дека навистина кај нас се изнесуваат  и објавуваат информации од корисен конструктивен информативен тип а не жолта штампа и секаков отпад. Овој пат навистина за време на целокупната состојба во која се најдовме како држава , одредени медиуми , одредени групи по социјалните мрежи  ја покажаа целокупната непринципиелност и делуваа катастрофално и потикнуваа геноцид над нашите деца. Се пренесуваа секакви неточни информации од застрашувачки карактер и правеа тотален хаос во нашата држава , направија тотален проблем во главите на родителите . Имаше толку многу злоба  и збунувачки информации кои на нас лекарите ни ја отежнуваа и работата и делувањето , односно секое поттикнување од наша страна за да се вакцинираат децата наидувавме на отпор и безброј прашања . Ќе кажам дека овој момент некој го користеше за политички поени , некој за ширење на омраза , некој за рекет на одредени личности и наметнување на теории на заговор и теории за криминал. За среќа мислам дека овие луѓе кои стојат зад сето тоа се нелуѓе и живееат во свој психопатолошки свет и се зачаурени во еден балон со своите истомисленици , таму и нека останат засекогаш бидејќи се опасни за околината и треба да бидат супримирани.  За жал само ние лекарите бевме бедемот кој што се спротистави на сите оние злонамерни медиуми и злонамерни социјални групи и секојдневно транспаретно и отворено апелиравме и објаснувавме што ќе се постигне со самиот процес на вакцинација во ваков момент во кој што се затеквавме. Министерството ,  комитетот за вакцинација , епидемиолозите , инфектолозите и сите релевантни институции постапија најисправно и можеби малку потврдо но сепак со еден единствен и корисен исход , досега веќе се извакцинирани 11 илјади дечиња благодарение на тоа полека ама сигурно стивнува и оваа епидемија. За сите медицински лица ќе ги повторам ставовите кои се изнесени како заклучок од Министерството за здравство и Комитетот за имунизација за да бидат сериозно сватени и правилно интерпретирани и да нема понатамошни забуни и злоупотреби.

– Инкубацијата со морбили е во просек 14 дена (6 19дена). Доколку се вакцинира 72 часа по контактот со заболен од морбили во извесна мера може да се заштити од болеста;
– Детето може да се вакцинира без претходни испитувања. Пред да се спроведе вакцинација потребно е да се земе анамнеза и да се направи клинички преглед на детето. Доколку врз основа на анамнезата и клиничкиот преглед се установи дека детето е здраво може да се вакцинира. Нема потреба од дополнителни лабораториски иследувања (крвна слика или ЦРП);
– Прележана варичела не е контраиндикација вакцина.

– Алергии на храна не се контраиндикација за вакцинација освен лицата кои имаат доживеано анафилакса по конзумирање јајца треба да се вакцинираат со крајна претпазливост (предупредување во упатството на производителот);
– Дете со алергиски заболувања (нутритивна алергија, астма, егзем, алергиски ринит) нема контраиндикација за да прими вакцина.

Контраиндикации за вакцинирање со ММР вакцина се:
– анамнеза за анафилактична реакција на неомицин;
– анамнеза за тешка алергиска реакција на некоја од компонентите на вакцината или на прва доза на ММР вакцина;
– бременост;
– лица во имуносупресија, лица со имундефицит (примарен или секундарен), лица со малигни заболувања, лица кои примаат системска имуносупресивна терапија
Вакцинирање со претпазливост:
– лице кое примало крвен дериват;
– умерена (минорна) инфекција со или без температура (проценка на лекарот дали да ја одложи вакцината откако детето ќе оздрави);
– анамнеза за тромбоцитопенија или тромбоцитопенична пурпура.
Состојби кои не се контраиндикација за вакцинирање (општи препораки):
– анемија;
– хронични болести на бубрези, бели дробови, црн дроб, срце кои се во стабилна состојба;
– кардиопатии, стабилни невролошки заболувања;
– фебрилни конвулзии. - Кај деца со хронични заболувања (на бубрези, бели дробови, црн дроб, срце, невролошки) соодветниот субспецијалист (невролог, пулмолог, кардиолог…..) треба да даде проценка дали детето е во стабилна состојба и може да прими вакцина.
– Како и кај сите вакцини, треба секогаш да биде достапен соодветен медицински надзор и третман поради евентуален ризик од развивање на ретка анафилактична реакција по вакцинирање. Минимум 15-30 минути по примање на вакцина да се обсервира детето во чекална.

Уште еднаш апелирам до родителите да работаат на имунитетот на своите деца и да се грижат за нив, дечињата се нашата иднина и заслужуваат да им пружиме секаква грижа. Ние лекарите сме секогаш тука за да ја дадеме неопходната медицинска помош. СЕ ЗА ДЕЦАТА!

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford