Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

Спонзорирани линкови

Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добро познатото мото на компанијата, “Повеќе за вас”, Вип започнува со реализација на едукативна и иновативна програма под името “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно…” наменета за најмладите.

Имено, од денеска па се до крајот на учебната 2018 година, вработените на Вип преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе ги запознаваат учениците од 4-то одделение  и ќе го збогатуваат нивното знаење за Интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, и притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Почетокот на програмата која е прва од својот вид, ја означија Мислав Галер, Извршен директор на Вип и министерката за образование Рената Дескоска во просториите на ОУ “Гоце Делчев” во Скопје, каде денеска беа одржани првите предавања.

– Со оваа програма, Вип уште еднаш ја потврдува својата јасна определба да вложува во заедницата каде работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува. Живееме во дигитален свет, мобилните телефони и пристапот до интернет се нашето секојдневие, но и секојдневието на нашите деца. Затоа, ја креиравме оваа програма со која се надеваме дека ќе придонесеме кон едукација на најмладите и ќе придонесеме кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

 Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности кој ќе се спроведува во периодот од февруари до јуни 2018 година, ќе опфати повеќе од 700 четврто одделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје и тоа ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„11 Октомври“, ОУ„Коле Неделковски“, ОУ„Владо Тасевски”, “ОУ„Јоаким Крчовски“, ОУ„Вера Јоциќ“,  ОУ„Ацо Шопов”, ОУ “Васил Главинов“, ОУ„ Браќа Миладиновци“ и ОУ„Кузман Јосифовски -Питу“.

– Градењето на партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чиишто придобивки ги ползуваат младите генерации. Сигурна сум дека оваа програма ќе наиде на интерес кај децата и наставниците, но се надевам дека ќе го привлече и вниманието и на родителите како водечки воспитен фактор да ги подготват своите деца за предизвиците и можностите кои ги носи дигиталната ера. Децата се најголемите трагачи по знаење, секогаш љубопитни да дознаат повеќе информации, а е особено важно да бидат корисни и применливи за нивниот понатамошен развој, изјави Рената Дескоска, Министер за образование и наука.

Предавањата ќе бидат спроведувани од страна на обучени професионалци – вработени на Вип, кои со своето познавање и експериза преку практични примери и дискусија ќе им ја доловат на децата суштината на Интернетот.

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип – www.vip.mk.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford