РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш

Спонзорирани линкови

Ротавирус е род на РНК вируси од семејството Reoviridae. Ротавирусите се најчеста причина за дијарејална болест кај новороденчињата и малите деца. Скоро секое дете во светот е заразено со ротавирус најмалку еднаш на возраст од пет години.

Имунитетот се развива со секоја инфекција, па последователните инфекции се помалку тешки, возрасните ретко се погодени. Постојат девет видови од родот, наведени како А, Б, Ц, Д, Е, Ф, Г, Н и И. Ротавирус А е најчестиот вид, кој предизвикува повеќе од 90% од ротавирусни инфекции кај луѓето.
Ротавирусот го открил професорот Рут Бишоп, доктор од Австралија. Структурните честички на вирусот наликуваат на тркало или топка (така името потекнува од латинскиот збор рота, што значи тркало).Овој вирус е одговорен за 30% од инфекции на гастроинтестиналниот систем кај новороденчиња и мали деца.
Инфекциите со Рота вирусот е болест на новороденчиња и мали деца. Најчесто страдаат новороденчиња на возраст од 6 месеци и деца до 5 години. Ефектите предизвикани од овој вирус се честа причина за хоспитализација на новороденчињата бидејќи предизвикува тешка дијареја и повраќање со треска, што заедно многу брзо може да доведе до дехидрација (губење на течности од телото) која може дури да биде фатална за ваквите кревки организми. Достапната вакцина може да ја спречи болеста или да ја ублажи клиничката слика на самата болест.

 

Инфекцијата се пренесува на два начина

Инфекцијата лесно се шири и не е ни чудо што кај 30% од цревните инфекции кај деца, основната причина е Рота вирусот, бидејќи станува збор за многу заразен микроорганизам. Разликата помеѓу овој вирус и другите бактерии кои го напаѓаат дигестивниот систем е во начинот на ширење и контагирање
Рота вирусот навлегува во телото на два начина.
Првиот е орално-фекален пат т.е. детето случајно го вметнува вирусот во устата со раце или играчка контаминирана со вирусот (фекалии). Вториот начин е кога вирусот навлегува по капков пат т.е вирусот се наоѓа во мали капки од плунката на заразеното лице и се шири низ воздухот за време на говорот или во момент на кашлање или кивање. Поради ваквото ширење на рота вирусот може да предизвика вистински епидемии, обично во детските педијатриски одделенија , но и во школо или градинка ако дури и едно дете е заразено со „Рота“ вирусот.
Вирусот перзистира во околината од декември до април. Откако ќе влезе во телото, вирусот се инсталира во тенкото црево каде започнува неговиот раст (репликација) и ефектот се забележува многу брзо.Етапите се карактеристични и после 12 часа, болеста се манифестира со повраќање и треска, а во следните 24 часа започнува дијареа која трае околу 6-7 дена.

Антибиотици не се лекови на избор

Првично станува збор за вирус и тука антибиотиката не дава никакви резултати. Внесувањето на течности и минерали е единствениот начин за лекување во тој момент, баш поради тоа што го компензира , надоместува изгубеното при таквата патолошка состојба (течностите , електролитите и др.) . Нема специфични лекови за самата инфекција. Како и со секоја инфекција, организмот т.е имуниот систем на домаќинот превзема дејства против напаѓачите и ги напаѓа неговите одбранбени механизми, така да лимфоцитите и Т клетките, имаат задача да ги отстранат и оневозможуваат патогените микроорганизми т.е. предизвикувачите на болеста.
Организмот се ослободува од вирусот Рота на релативно едноставен начин. Цревните клетки кои се атакувани се веќе во голема мерка на крајот на нивниот животен циклус и се наменети да бидат заменети (кожата и мукозните мембрани постојано се обновуваат!). За три дена, заразените клетки се отстрануваат со столицата (фекалии) од телото. Затоа, внимавајте! Запирањето на дијарејата нема да биде од полза за заздравувањето бидејќи ќе го блокира природниот одбранбен механизам при исфрлање на заразените клетки. Антибиотиците уништуваат корисни бактерии на цревата кои исто така имаат користен ефект врз одбраната на организмот.

Како да внимаваме на дехидрација и како да ја спречиме

Губењето на телесната течност е најголем ризик предизвикан од гастроентеритисот (т.е. воспалението на желудникот и тенкото црево) предизвикано од Ротавирус. Колку е помало детето, толку е поинфективна и поинвазивна оваа инфекција. Повеќето деца по петгодишна возраст успеваат релативно добро да се спротивстават на инфекцијата со Ротавирус. Најмладите деца се под најголем ризик затоа што системот на нивниот организам се разликува од постарите деца и возрасните а балансот на вода и минерали брзо се нарушува дури и при помала загуба.
Кај новороденчињата, дехидрираноста се јавува во краток временски период. Бебето повраќа репетирачки , истотака доаѓа до појава на дијареа која предизвикува многу воденести столици , крвта се згуснува, циркулацијата е оштетена и имаме состојба на т.н шок , следува фаза на хипооксивен глад и недостаток на хранливи материи во клетките (хипоперфузија). Во состојба на шок, сите витални функции се успорени, телото е во опасност, а течностите и минералите треба да бидат компензирани надополнети веднаш и тоа со поставување на венска линија односно брза хоспитализација и давање на инфузивни раствори .
Нај важно е да веднаш штом се појават првите знаци на болест што укажува на губење на течности, дајте му на детето орален раствор за рехидратација (попознат како ОРС – раствор за орална рехидратација) достапен во сите аптеки. Со повраќање и дијареја, телото губи вода и минерали, кои треба брзо да бидат надополнети за да се спречи дехидратација. Давањето на вакви помошни средства кои содржат оптимална количина на гликоза (шеќер што ја користат сите клетки) и минерални соли ни потпомага во локализирањето на целиот патолошки процес. Најдобро е да се дава лажица по лажица. Ако детето пие премногу брзо,содржината може набргу да биде повратена бидејќи желудникот е многу иритиран со инфекцијата и е раздразнет и реагира бурно, така да мала количина на течност убаво се апсорбира
Доста препарати имаме на пазарот но најбитен е вкусот , токму вкусот треба да биде погоден за да нашето дете го прима без потешкотии. Рехидратација на новороденчињата засегнати со Рота вирусот треба да бидат со кратки , но чести доења а токму млекото е најдобриот начин за спречување на дехидрација. По принцип доенчињата задолжително да бидат хоспитализирани поради фактот дека дехидрацијата за нив е погубно нешто. Така да родители препознајте ги веднаш знаците на дехидрираност и јавете се веднаш во најблиската здравствена установа.
Кои се знаците кои треба да ги знаат родителите, детето губи течност поради појава на чести столици т.е дијареа, повраќањето е многубројно , детето има треска и не е влажно, т.е пелената не е мокра, тоа е јасен знак за дехидрирање, особено ако е бледо, плаче со слаб глас, а реакцијата на стимули е лоша, тоа се токму алармантните знаци. Објективна проценка на дехидратација се добива со тежина на новороденчето: губење на повеќе од 7% од тежината што ја имало пред почетокот на болеста значи дека е сериозно дехидрирано и му е потребна итна реакција и помош (пример: бебе од 4 кг ако изгуби 7% од својата тежина, што е еднакво 280 грама, алармот е вклучен !!).

Превенција на Рота вирусот

Општите превентивни мерки се тешки за спроведување кај детските одделенија затоа што вирусот се шири многу брзо така што помали епидемии се неизбежни. Вакцината против вирусот Рота (како и сите други вакцини) има превентивно дејство бидејќи ја зајакнува одбраната на организмот со стимулирање на производство на специфични антитела против овој вирус. Вакцината го активира имунолошкиот систем и обезбедува заштита од средба со ист вид Рота вирус како вкрстени ефекти против други слични типови вируси.
Модерната вакцина која е во нашата земја и која се дава во сите вакцинални диспанзери претставува копија на вирусот што е резултат на рекомбинација на ДНК (т.е. нејзината генетска структура) која ќе штити од неколку различни серотипи на вирусот и нема ризик за детето. Вакцината се дава преку уста, детето се вакцинира со петтовалентна ротавирусна вакцина (RV5). Вакцинацијата започнува најдоцна до 12-неделна возраст. Растојанието меѓу дозите е од 4-10 недели. Третата доза треба да биде дадена најдоцна до навршени 32 недели од животот.Вакцината може да се даде заедно со други инекции (тетанус дифтерија, детска парализа, хепатитис Б и грип на хемофилус).

За кого се препорачува вакцината

Бидејќи вакцината ги зајакнува одбранбените способности на организмот против вирусот „Рота“, таа им се дава на деца кои се изложени на поголем ризик да се во контакт со оваа болест. Вакцината против вирусот Рота се примаа после советување со педијатар кој ја познава медицинската состојба на детето Студијата на околу сто илјади деца открила дека не се појавиле било какви несакани ефекти Истотака треба родителите да знаат дека новороденчињата помали од 6 недели, слободно може да се каже дека се природно заштитени од вирусот Рота. Се чини дека клетките на цревата на таа млада возраст сè уште немаат рецептори на кои вирусот може да се закачи. Новороденчето е заштитено од антитела што ги добила од нејзината мајка. Доењето постојано ја зголемува таа одбрана. Со секој оброк, новороденчето добива антитела кои делуваат на ниво на цревната слузница и се најдобра превенција од инфекција со Рота вирусот. Постојано треба да се внимава кога станува збор за овој вирус но веќе модерната медицина е напредната така да подобро да се посветиме на превенцијата за да не се сретнеме со големите компликации кои се можни при оваа болест.

Д-р Ангелчо Андоновски, директор на детската болница Козле

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford