Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега

Спонзорирани линкови

  • Целосно новиот Ford Focus е семеен автомобил со средна големина кој нуди најмногу простор досега.
  • Новата driver технологија им помага и олеснува на возачите при возењето и застанувањето во сообраќајот, да гледаат појасно во мракот, да паркираат со помош на копче и да избегнуваат несреќи.
  • Новиот Focus е забавен за возење и нуди најголем комфор досега, нови режими на возење и напредни технологии на суспензија.
  • Опциите за поврзување и забава вклучуваат FordPass Connect модем, безжично полнење, гласовно активирање SYNC 3 со екран осетлив на допир и B & O PLAY аудио.

Новиот Ford Focus ја користи новата Ford C2 платформа, која овозможува повеќе простор во внатрешноста, подобра сигурност во случај на сообраќајна несреќа, како и подобра аеродинамика која резултира со помала потрошувачка на гориво. Меѓуоскиното растојание е продолжено за 53 мм. што директно резултираше со зголемување на просторот во внатрешноста.

Освен што е убав на изглед и има нов стил, елегантната каросерија на Focus е оптимизирана со цел да се подобри аеродинамиката, а Ford го намали коефициентот на отпор на воздухот на 0,250 за седан и 0,273 за хечбек верзијата. Ова се најдобри бројки во класата, а намалувањето на тежината за 88 кг. доведе до намалување на потрошувачката на гориво и намалување на емисијата на CO2 за 10%.

Во новиот Focus не изостанува и напредната технологија, а помеѓу останатото поседува адаптивен темпомат со stop-and-go функција, систем кој го држи растојанието во однос на возилото пред нас, а тука е и подобрениот систем за осветлување со автоматско прилагодување. Системот овозможува светлата да се прилагодат пред возилото да влезе во кривина, се доближи до раскрсница или кружен тек. Наместо само да се потпира на движењето на воланот од страна на возачот, Lane-Centring системот користи и предна камера за следење на линијата во кои автомобилот се наоѓа до 65 метри пред него. Speed Sign Recognition системот пак внимава на брзината со која што се движи автомобилот и знаците за дозволена максимална брзина.

Focus изненадува и со head-up дисплеј, подобрен активен систем при паркирање кој овозможува на возачот да притисне копче за да се изврши паралелно паркирање, а тука се и системите за детекција на пешаци и велосипедисти, за следење на возилото во слеп агол, системот за предупредување на сообраќај од страна, камера за помош при движење назад, систем на кочење по судир, систем за предупредување на движење во обратна насока, како и систем за избегнување на возила кои се наоѓаат пред нас доколку постои можност за судир.

FordPass Connect им овозможува на возачите да извршуваат различни функции по пат на smart телефонот, како што е лоцирање на возилото, проверка на статусот за масло, гориво и заклучување на вратите, далечинско палење на моторот на возилото (само за моделите со автоматски менувач) и друго.

Focus ја поседува и технологијата за безжично полнење на уреди, а тука е и екранот на допир. Моделот го користи системот Ford Sync 2 кој што е компатибилен со системите Android Auto и Apple CarPlay. Гласовните команди се можни за бројни функции вклучувајќи контрола на звукот, климата, навигацијата и слично. Достапен е и B&O Play системот за звук од 675 W со десет звучници и субвуфер.

„Focus е нашиот главен модел за Европа веќе две децении. Целосниот пакет со дизајн, технологија и уживање во возењето е карактеристиката која што нашите клиенти ја сакаат кај Ford, рече Стивен Армстронг, потпретседател na Ford за Европа, Среден Исток и Африка кој додава – Со семејството на возила со средна големина, една од петте продажби во Европа и припаѓа на Focus кој останува важен дел на компанијата во понудата за клиентите.

Новиот Focus доаѓа со двата бензински мотори EcoBoost со сила од 85 КС и 182 КС и дизел моторите EcoBlue со сила од 95 КС и 150. Во Европа Ford ќе понуди три каросериски изведби и тоа седан, хечбек и кабриолет, со crossover Focus Active и Focus Vignale.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford