Екслузивно со Стеван Стеванович: Неоткриени детали од прославата на РК Вардар но и од приватниот живот

Спонзорирани линкови

Стеван Ставановиќ, коментаторот на Арена Спорт, кој им стана миленик на Македонците со преносите на натпреварите на европскиот шампион Вардар, во интервју за ЗАБАВА откри неоткриени детали од прославата на РК Вардар но и од својот приватен живот.

РК Вардар и покрај големиот број на турбуленции од финансиски карактер, неисплатени плати и обврски кон играчите, сепак успеа да направи нешто што никој не го очекуваше. Што претставува РК Вардар во вашите очи денеска?

Благодарение на играчите кои и покрај тие неисплатени плати, турбуленција, лошата ситуација во клубот, успеаа да останат на нога и да бидат искрени меѓусебно, да го дадат максимумот на теренот, и ние доживеавме еден таков голем успех и ден денес во моите очи РК Вардар поточно играчите кои го сочинуваат тој клуб се главната сила т.е столб на клубот и фала Богу државата го препозна тоа па тој еден проект не е пуштен да исчезне на почетокот на оваа нова сезона.


Дојдовте во Скопје заедно со нашите херои. Како си поминавте на дочекот?

Да, доаѓањето со играчите на Вардар у авионот, на аеродом и тој цел пат во отворениот автобус од аеродром до плоштад, тоа беше нешто за паметење и нешто што нема никогаш да го заборавам, и тоа е нешто што кога бев како ракометен играч сакав да го постигнам но не успеав поради повреда па ова ми беше огромно задоволство и споделување на радост.

Дали би споделиле некој интересен детал од прославата?

Еден интересен детал од прославата, за мене малку и неверојатно беше во автобусот, помеѓу мене и Дејан Милосављев застана еден играч, ме гушна и на Дејан му вели, знаеш ти дека он е најдобриот коментатор и некаде тоа задоволство да ве некој толку многу величи а од друга страна помалку непријатно се чуствувате во тој момент можеби и поголема слава отколку што искрено заслужувате од таа што ја има тој играч, за се она што го направи со неговата екипа, тоа е нешто што ми беше неверојатно и необично и нешто што ќе го паметам до крајот на својот живот.

Но да се надоврзам на прашањето, да бидеш со тие момци пред сто илјади луѓе е нешто што навистина ќе го паметам, и секако голема желба ми е такво нешто да доживеам и со српските ракометари у својот град Белград.

Што очекувате од Вардар во иднина?

Од Вардар во иднина очекувам да бидат успешни во таа смисла да ги гледаме секогаш во нокаут фазата на лига на шампиони, секогаш да се борат за тој фајнл форт и секако шампионска титула. Конкуренцијата ќе биде многу тешка, секоја година се потешка и потешка, се поголема и поголема, како Паризенжермен, Веспрем, Барселона, Монтепелер, Вивак Келц, Фленсбурк… се се тоа клубови кои секогаш ќе бидат во трка за шампионска титула, па затоа и мислам дека на Вардар ќе му биде многу тешко да го направи ова што го направи последното во три години да игра на фајнал форт но секако верувам во нив и во сето тоа.

Медиумите периодов пишуваа дека Македонија ви е омилена туристичка дестинација, а тука сте ја запросиле и вашата сопруга. Зошто токму овде?

Па добро, може Македонија не е моја најомилена дестинација но секако е една од омилените дестинации, можеби баш од таа причина што ме врзува за детството. Некаде во 90те. како дете сум растел и одмарал во Охрид и Струга и после 22 години се вратив во Охрид, и сите тие емоции ги доживеав повторно..

Бев во кампот Кире Лазаров, со тогашната девојка, се договоривме дека ќе одмараме таму и ја запросив на Св Наум. Така да практично и душевно се врзав за Македонија, Охрид и народот секако. Така да без обзир на се Македонија и во иднина за мене ќе биде една од омилените дестинации, Охридското езеро, и со задоволство ќе се враќам тука. И во иднина секогаш ќе остане една од омилените дестинации за одмор па макар и на 5-6 дена .

Ви ветија македонско државјанство и ајвар. Дали ги добивте?

Македонско државјанство не сум добил освен она за зезање што го добивме во хотелот каде што преноќивме после прославата на плоштадот. Но зошто да не, би сакал еден ден да добијам македонско државјанство па можеби ќе се случи и тоа. А за ајвар нормално добив, и тоа не една туку две тегли.

За крај што би им препорачале на фановите на РК Вардар?

За крај на навивачите на Вардар би им порачалбда останат и понатаму така ватрени да го бодрат својот клуб, да бидат единствени, да се борат, бидејќи благодарение на нив, многумина препознаа кој е ракометниот клуб Вардар. Дека еден таков бренд треба да се чува, да се сака и да му се верува. Така да само нека останат онакви какви што беа сите овие години, бидејќи практично нас навијачите на Вардар не донесоа до ваков успех и благодарение на нив на крајот јас и Сретен бевме пред македонската публика бидејќи тие беа и ја покренаа таа иницијатива да доживееме нешто што засекогаш ќе го паметиме. Ви благодарам на прашањата и голем поздрав од Стеван Стевановиќ до сите Македонци.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford