Во 2017.та компанијата Volvo ќе почне да произведува автомобили без клучеви. Отворањето и затворањето на вратите во овие автомобили на шведската марка и стартот на моторот, ќе се врши со помош на посебна програма која може да се инсталира на мобилен телефон.
Неодамна од Apple ја патентираа нова технологија која овозможува да ги контролирате системите на возилото преку iPhone.
Најкорисни функции од оваа програма се очекува да бидат далечинско стартување на моторот без клуч и автоматско отворање на вратите и багажникот.