Веќе со години 400 км/ч е магична граница кон која тежнееле најрадикалните, а потоа, пред повеќе од една деценија Bugatti го лансираше Veyron и рече дека 400 км/ч апсолвира во сериското издание.
Автомобилскиот свет со години не се опорави од тој шок, а денес на пазарот има неколку автоомобили способни за оваа брзина. И мотоцикли, а еден од нив е и Kawasaki Ninja H2R, за кој ни самиот производител не бил сигурен дека е толку брз.
Возењето за паметење на споменатиот Kawasaki го имал турскиот мотоциклист Кенан Софоуглу. Возењето на столетието било извршено на новоотворениот мост Осман Гази со специјално подготвен мотор. Пирели испорачал посебни гуми, маслото го обезбедил Елф, а новиот асфалт веројатно го „исполирала“ војска од чистачи. Подготовките траеле дури четири месеци, а се чекало и довршувањето на мостот.
Кенан го поминал мостот во должина од околу 1.5 км за 26 секунди, а во тоа време забрзал до неверојатни 400 км/ч, 20 км/ч повеќе од проценките од Kawasaki. Ако не ни верувате, погледнете го ова неверојатно видео со повеќе од шест милиони прегледи.
Ние само ќе додадеме дека на еден од најбрзите автомобили на светот, Koenigsegg One:1, за истото забрзување му се потребни околу 20 секунди, а на Bugatti Veyron околу 50 секунди.