Автомобилската компанија Ford го претстави новиот Focus RS кој користи целосно нов турбо-мотор.
Тој е од серијата EcoBoost, има четири цилиндри и зафатнина од 2,3 литри. Другата значајна новина кај Focus RS е системот за погон на четири тркала. Тој користи две електронски управувани оски, а е способен да прати до 70% од вртежниот момент на моторот на задните тркала. Во зависност од ситуацијата може да дистрибуира до 100% на само едно од тркалата на задната оска. Интересна иновација е исто така издувниот систем, кој е опремен со електронски вентил преку кој возачот може да го менува нивото на бучавата на својот автомобил.
Во опремата на автомобилот влегуваат и 19-инчни тркала и гуми Michelin Pilot Super Sport со големина 235/35. Достапни се и седишта Recaro, инфо забавен систем SYNC со 8 инчен дисплеј, камера за возење наназад, аудио со 10 звучници, спортски управувач со рамно дно, педали од нерѓосувачки челик…
Focus RS ќе може да се најде во следниве бои: Nitrous Blue (сина), Frozen White (бела), Absolute Black (црна) или Stealth Gray (сива).