Автомобилската компанија Audi објави кратко видео во кое ја најавува премиерата на новата генерација на својата најголема лимузина.
Иако акцентот во видеото е ставен на системот на делумен авто-пилот (Traffic Jam Pilot) кој овозможува автономно возење во рамки на возната лента по која автомобилот се движи, во услови на “тргни-застани” сообраќај, можат да се забележат и детали од кокпитот и дигиталната табла, како и големиот дисплеј со мултимедијален систем на врвот од централната конзола.
Освен тоа, во видеото накратко се гледаат и фаровите на возилото, како и предниот дел од новиот Audi A8.
Audi A8 за 2018. година ќе биде претставен на 11. јули на свечена церемонија во Барселона, додека за прв пат ќе се појави пред саемската публика во септември, на авто-салонот во Франкфурт.