Кога Хјундаи во 2009 година ја претстави шестата генерација на “sonate”,светот дозна колку може да биде добар кореанскиот автомобил.Кога Киа ја редизајнира оптимата година дена покасно,дознавме колку дизајнерите од овој дел на светот напреднале,а сега пред нас нивната најуспешна креација-четвртата генерација на “optimа” која дебитира во Њујорк.
Препознатливата предна решетка е додатно раширена и е подобро интегрирана со фаровите.Тука се и вертикалните магленки,а додатниот агресивен изглед ја дава долната независна решетка.
ЛЕД задните фарови,интегрираниот дифузер и неколкуте масивни издувни цевки доминираат на задниот дела,а освен овие новитети тука е и подобрената технологија.
Стерео системот од шест звучници е стандарден,а за аудиофајлот е во понуда и Инфинити комплет од 14 звучници.Киа го претстави и нивниот UVO инфројнтмент систем кој работи на 8 инчен екран на допир.
Под хаубата на прасполагање се наога 2.4-литарскиот четирицилиндричен агрегат,како и опционалниот 2.0-литарски четвороцилиндричен мотор со турбо полнење.Силата на двата мотора е помала во однос на актуелниот 2.4-литарски има 185КС и 240Nm, додека 2.0-литарски има 247КС i 350Nm обртен момент.Киа наведува дека и двата мотора се штедливи,но и понатаму не се објавени јавните цифри.
Освен овие две единици Киа ке понуди и 1.6-литарски четирицилиндирчен мотор со спарен седмостепен пренос со двоен кумплуг.