Маздината офанзива на сите фронтови се продолжува, а следниот модел кој може да го очекуваме е спортскиот кросовер кој би требало да ја понесе ознаката CX-4.
На предстојниот саем на автомобили во Франкфурт, кој се одржува во текот на септември, Мазда премиерно ке ја прикаже новиот концепт на кросовер по име Коеру.Самото име на јапонски значи преминување, одење преку граници, а го најавува серискиот модел кој најверојатно треба да ја понесе ознаката CX-4.
Во прашање е возило кое со димензиите се наоѓа околу актуелните CX-3 и CX-5, а се одликува со значајно различен визуелне настап од досегашните модели на Мазда, воедно со повеке приметливи спортски амбиции.Иако техничките детали за сега не се познати, се претпоставува дека за погонски единици новиот кросовер ке користи мотори кои го покренуваат CX-3 2,0-литарски SKYACTIV-G бензинец (од 120 и најверојатно 165 KS), како и 1,5-литарски SKYACTIV-D turbo дизел, кој моментално дава 105КС.