Непосредно пред тркачкиот MotoGP викенд на патеката Мисано, Ducati на сите љубители на мотоциклизмот им приреди вистински спектакл во вид на промотивно возење по улиците на Сан Марино!
Тркачкиот MotoGP викенд во Мисано започна денес, а непосредно пред неговиот почеток жителите на градот Сан Марино, престолнината на истоимената држава, кој што е оддалечен од патеката само десетина километри, имаа прилика во акција на улиците на нивниот град да видат две “црвени фурии” – Ducati Desmosedici GP15 кој што го возеа двајца фабрички возачи, Андреа Довизиосо и Андреа Јаноне.