Цитроеновиот луксузен суббренд “DS” со претставување на освежениот “DS 5” модел веке постанува самостален бренд за европскиот пазар
Благите измени на веке впечатливиот хечбег допринесуваат со смелиот и луксузен изглед на “DS 5” моделот кој сака да конкурира на премиум моделите на стариот континент.
Сите цитроенови ознаки се тргнати од него така со предната решетка доминира DS кое претставува иднина на сите “DS” модели.
Додатниот “DS” беџ се наога и на гаубата на автомобилот,додека горниот дел од фаровите како и рачките и контролната конзола се инспирирани од “DS” монограм.
Во кабината се наога седум инчен тачскрин кој ги заменува сувишните копчиња.Екранот на допир го контролира инфотејмент системот,сат-нав,музика, а тука е и мирор-линк кој обезбедува поврзување со смартфонот.
Од новите технологии тука се унапредени конект системот,програма за детекција на слепи точки,а целокупниот луксузен изглед на кабината е обезбеден со употреба на три различни видови на кожа.
Во избор ке има шестмотори во кои и 1.6-литарски THP бензинец со 162КС со шестостепенски автоматски менувач,додека мануелниот манувач ке пристигне покасно во понуда.
Љубителите на дизел ке имаат можност да ја одберат новата генерација на агрегати таканаречени “BlueHDi” кои се ви склад со еуро VI стандардот.
Во понудата ке биде 1.6-литарски со 118KS со шестстепен автоматски или мануелен менувач, 2.0-литарски со 148КС и 2.0-литарски со 178КС.Како и кај предходниот модел,понуден е и електричен-дизел систем кој се сега рекламира како “Diesel Hybrid 4×4” со што би се нагласил погонот на сите четири тркала.
Продажбата ке почне во текот на летото,а цената ке биде покасно објавена.