Лексус го искористи актуелниот саем на автомобили да го претстави својот модел “LF-SA” концепт на мал автомобил и агресивен дизајн кој ако влезе во сериско производство ке им конкурира на мини и ауди А1.
Претседателот за Европа на Лексус Алан Унтенховен на премиерата изјави:Ова е најкомпактниот лексус некогаш направен.СА е скратеница од авантурист (small adventurer).
Од компанијата додаваат дека овој модел е вежба за дизајнерите да размислуваат за иднина и како да ги привлече купувачите на овие компактни градски возила.
Извршниот директор на Тојота за Европа Дидиер Лирој по повод за конкуренцијата во сегментот изјави:Многу премиум брендови одлучија да прават мали модели како што се Ауди А1,БМВ серија 1 и Мини,доколку сакаме да се бориме со нив ке треба да понудиме нешто друго-изјави тој.
Доколку реакциите на посетувачите биде позитивна можеме да го видиме во сериско производство во 2018 година, а во понудата ке се смести под “CT” кој е најпродаван модел во Европа.
Иако не е потврдено сепак сериското производтсво на овој модел ке биде во понуда само со хибриден погон.
ВИДЕО>Leksus “LF-SA” концепт: