Јапонскиот произведувач Хонда одлучи да ги изненади посетителите на саемот на автомобили во Њујорк со премиера на “sivik koncept” кој е замислен да ја претстави иднината на десетата генерација на “sivik” која на пазарот ке излезе во 2016 година.
Како што се наведува во соопштението новата генерација на “sivik” ке биде најдинамична и најнапредна до сега, а ке биде изградена и на нова платформа.
Иако овој концепт е најблизок до серискиот модел во однос на неодамна претставената варијанта задните фарови тешко дека ке се најдата во сериско производство.
За дизајнот на овој промотивен модел е задолжен Хоодин дизајнерско студио во Лос Анџелес,додека работата на самиот автомобил е работена во развојниот центар во Охајо.
Серискиот модел кој ке го наследи овој концепт ке има нова компактна платформа и шестостепен мануелен менувач или CVT,а овие денови се очекува и повеке јавни информации за саемот во Њујорк.
VIDEO> Honda “sivik koncept”: