Швајцарецот Фред Бенхард на овогодишниот Vorterse GTI собиралиште на публиката го претстави единствениот VW “Bus T1” со поршев мотор од 530кс.Бернхард уште пред шест години одлучил VW “T1” комбе од 1962 година да направи ултимативен “T1”, а како што можеме да видиме од сликите она што го замислил и го остварил.
За покренување на ова супер мокно хипи комбе е задолжен шестоцилиндричен мотор на Порше од “911”(993модел) која рзвива 530КС и 757Nm обртен момент.Моторот има два турбо полначи и впарен е со шестостепен мануален менувач од Порше “996 GT3”.Управувачкиот систем и системот за кочење исто така се превземени од 993 модел, а во обилна употреба на јаглеродни влакна ова “T1” кобме тежи само 1500кг каде односот на тежината со снагате е 3.8 kg/kW.
Секако вакви инжинерски потфати се многу ретки бидејки малку се тие кои знаат да ја ценат посветеноста на градителот.
VW “T1” комбе со поршев мотор од 530КС
Спонзорирани линкови
Сподели на: