Француски Рено го претстави новиот модел “KWID” кој е иницијално наменет исклучително за индискиот пазар, но сепак ке се продава глобално.
Порано се веруваше дека моделот ке се вика “kaju” но сепак француската фирма се одлучила за “KWID” име кое го носеше и концептот од 2014 година.Моделот е направен за CMF-A платформата во соработка со Нисан ,а неговиот изглед се опишува како хечбег со влијание на кросовер со клиренс од 180мм.Рено “KWID” е долг 3,68 метра,широк 1,58 и има едноставна и функционална кабина со 7-инчен дисплеј на допир и дигитална инструментална табла
Од компанијата порачуваат дека “KWID” има најголем ентериер и зафатнина на гепекот во класата,а под хаубата се наога мал 0,8-литарски мотор впарен со 5-степен мануелен менувач кој овозможува крајно ниска потрошувачка на гориво.
Индија сепак ке биде најважен пазар за “KWID”, но Рено нагласува дека ова е интернационалне модел,а за сега не е познато дали европските купувачи ке ја имаат на распологање и Дачија верзијата на моделот.
Рено го претстави новиот “KWID”!
Спонзорирани линкови
Сподели на: