Германската фирма “Ketterer“ го претстави моделот “Continental“, кој покрај големиот луксуз, овозможува дури и транспорт на еден помал автомобил!
Она што го прави овој кампер единствен е просторот во кој вие ќе се чувствувате како да сте дома, а замислете, со вас можете да си го земете и вашиот мал градски автомобил.
Ketterer Continental нуди голем број на единствени решенија, а на персонализацијата скоро и да и нема крај. Почнувајќи од бојата, материјалот кој се користи во ентериерот, внатрешниот распоред и уште многу тоа…